Tag Archives: Тони Тоневски

Тоневски: Фонтани, подземни контејнери и ново возило за смет во Пробиштип

Пробиштип ќе добие ново лице со новите проекти на Тони Тоневски, кандидат за градоначалник на општината. Меѓу најавените мерки се воведување на ново специјализирано возило за собирање на смет, поставување на подземни контејнери во централното градско подрачје и изградба на нови урбани елементи, вклучително и фонтани за пиење вода на повеќе локации. „Пробиштип повторно ќе биде чист, модерен и уреден ...

Read More »

Пробиштип: Тоневски најави дом за повозрасните и почит кон пензионерите

Кандидатот за градоначалник на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, упати емотивна порака до пензионерите, истакнувајќи дека тие се темелот на градот и дека нивниот труд и љубов се вградени во секој дел од заедницата. „Нашите пензионери се темелот на Пробиштип. Тие го вложија своето време, труд и љубов за градот што денес го имаме. Сега е ред ние да им возвратиме ...

Read More »

Ново поглавје за Пробиштип – Тоневски најави изградба на градски базен (ВИДЕО)

Кандидатот за градоначалник на општина Пробиштип, Тони Тоневски, најави изградба на нов, модерен градски базен кој ќе го врати симболот на летото, радоста и детството во градот. „Пробиштип беше еден од првите градови со свој базен – место каде што растеа генерации, се раѓаа пријателства и се создаваа најубавите спомени под сонцето. Време е повторно да го вратиме тој дух ...

Read More »

Тоневски: Пробиштип ќе биде град што се грижи за своите пензионери

Кандидатот за градоначалник на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, заедно со пратеничката Драгана Арсова, денес оствари средба со пензионерите во Пробиштип. Тоневски изрази благодарност за можноста да се сретне со, како што рече, генерацијата што ја градела основата на градот со својот труд, знаење и љубов. „Секогаш е чест и радост да се биде меѓу луѓето кои ја создадоа нашата сегашност. ...

Read More »

Тоневски: „Секоја населба во Пробиштип ќе биде поврзана со современи патишта“

Кандидатот за градоначалник на Пробиштип, Тони Тоневски, во својата програма за наредниот мандат најави изградба и реконструкција на патишта што ќе го поврзат секое село и секое населено место во општината. „Пробиштип не е само градот – тоа сме сите ние, во секоја населба и секое село. Во наредните четири години ќе изградиме и реконструираме патишта што ќе го поврзат ...

Read More »

Тоневски најавува над 160 проекти за модернизација и напредок на Пробиштип

Цел живот живеам во Пробиштип и сакам нашите деца да останат покрај нас, да им пружиме убав, среден и модерен град. За жал, во изминативе години Пробиштип стагнираше, а во одредени области и назадуваше. Се чувствува апатичност меѓу нас – жителите, и иселувањето е резултат на тоа. Локалната администрација која јас ја паметам има стручност, но тврдам дека нивниот потенцијал ...

Read More »

Тоневски најави субвенции за енергетски ефикасни фасади во Пробиштип

Кандидатот за градоначалник на Општина Пробиштип, Тони Тоневски, најави нова мерка во рамки на својот план за поодржлива и модерна општина – субвенции за изградба на енергетски ефикасни фасади на објектите за колективно домување. „Ова не е само фасада – ова е инвестиција во нашата иднина, во почист и поубав Пробиштип,“ истакна Тоневски, нагласувајќи дека целта е намалување на потрошувачката ...

Read More »

Тоневски најавува обновен простор околу познатиот даб во Марчино и нови пешачки патеки

Кандидатот за градоначалник на општина Пробиштип, Тони Тоневски, најави уредување на просторот околу познатиот даб во Марчино, симбол на истрајност и локални корени. Според него, во овој простор ќе бидат поставени летниковци и клупи за одмор, со цел продолжување на дружењето и рекреативните активности на жителите. Покрај тоа, Тоневски најави реконструкција на патот до Марчино, додека стариот пат од Марчино ...

Read More »