Со мото „Вкуси ја Македонија во чаша“, од 16 до 18 октомври во комплексот „Македонско село“ ќе се одржува првото издание на „Вински фестивал – Македонско село“, посветен на македонското вино, гастрономијата, музиката и традицијата. Фестивалот е замислен како место каде што ќе се сретнат љубителите на виното, домашните производители и публиката, во амбиент кој природно ја раскажува македонската приказна. ...
Read More »Author Archives: Весник Илинден
Протестот продолжува со насилни инциденти и судири со полицијата, оштетени се деловни објекти
Протестот на студентите и граѓаните пред Министерството за образование ескалирал во вечерните часови, при што демонстрантите искршиле прозорци и влегле во просториите на најмалку два деловни објекта на улицата „Драчка“ во Тирана. По судирите со полицијата, демонстрантите со камења и тврди предмети ги нападнале прозорците на една приватна финансиска институција и на продавница за облека, предизвикувајќи материјална штета. Потоа влегле ...
Read More »Николоски: Градиме истоверемено шест автопати, на Македонија и се случува силен инфраструктурен развој
Македонија се наоѓа во период на интензивен инфраструктурен развој, со изградба на шест автопатски делници истовремено, инвестиции што треба значително да ја подобрат патната поврзаност во земјава и да дадат нов импулс на економијата. Станува збор за обемен градежен потфат со кој ретко која земја во регионот, па и пошироко, може да се пофали, истакна заменик-претседателот на Владата и министер ...
Read More »Албанија: Протестите во Триана продолжуваат (ВО ЖИВО)
Тензија на протестот во Тирана: 23 приведени, повредени 6 полицајци и една новинарка
Фото: АТШ Шест полициски службеници и една новинарка се повредени за време на денешниот протест во близина на Министерството за образование во Тирана, додека 23 лица се приведени, соопшти албанската полиција. Според полициските информации, дел од демонстрантите ја оштетиле оградата, влезната порта и фасадата на институцијата, фрлајќи молотови коктели, камења, петарди и тврди предмети кон полицајците. Повредените се надвор од ...
Read More »Студентите повторно пред Министерството за образование, нови тензии со полицијата (ВИДЕО)
Фото: Top Channel Демонстрантите повторно се вратија во близина на Министерството за образование, каде што повторно дојде до тензии со полицијата. Полицијата употреби водени топови и солзавец за да ги растера демонстрантите. Ситуацијата повторно ескалираше, а тензиите меѓу демонстрантите и полициските сили продолжија. Засега, во доставениот извештај нема дополнителни информации за евентуално повредени лица или приведувања.
Read More »Албанија воведува фиксни, намалени цени за 212 производи
Албанија воведува фиксни, намалени цени за 212 производи до 12 јануари 2027 година, како дел од мерките за намалување на трошоците на домаќинствата. Иницијативата се спроведува во соработка со големите трговски синџири и добавувачите, а за одделни производи намалувањата достигнуваат до 40 проценти. Паралелно, албанската влада ја претстави дигиталната платформа „Pasqyra e Çmimeve“ („Огледало на цените“), преку која граѓаните можат ...
Read More »Тензично пред Министерството за образование во Тирана: Физички судири меѓу полицијата и демонстрантите (ВИДЕО)
Фото: Top Channel Тензична е ситуацијата пред Министерството за образование во Тирана, каде што денеска се одржува протест на студенти и млади од Албанија. Протестот беше најавен за 14 часот, со повик до студентите од сите градови во земјата и до граѓаните да се приклучат на собирот и да го изразат незадоволството од проблемите што, според организаторите, сè уште остануваат ...
Read More »Објавен Вториот повик за предлог-проекти во рамките на ИПА III Програмата за прекугранична соработка Македонија – Албанија 2021–2027
Европската комисија го објави вториот повик за доставување предлог-проекти во рамките на ИПА III-програмата за прекугранична соработка Македонија – Албанија 2021 – 2027, со наслов „Програма за прекугранична соработка Македонија – Албанија во рамките на Инструментот за претпристапна помош (ИПА III), алокации за 2024 година“ – соопшти Министерството за локална самоуправа. Повикот има цел да ги поттикне организациите од двете ...
Read More »Албанија затвори уште едно поглавје во преговорите за членство во Европската Унија
Албанија забележа нов напредок на патот кон членство во Европската Унија со затворањето на Поглавјето 20, во рамки на Десеттата меѓувладина конференција меѓу Албанија и ЕУ, што се одржува денеска во Луксембург. Ова поглавје се однесува на претпријатијата и индустриската политика и претставува дел од процесот на усогласување на албанското законодавство и политики со европските стандарди. Со овој чекор, Албанија ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden