
Со низа свечени настани низ Албанија денес беше одбележана 113 години од основањето на Албанската државна полиција. Централната церемонија се одржа во Тирана, во присуство на претставници на Министерството за внатрешни работи, полицијата и други државни институции.
Заменик-министерот за внатрешни работи Џемал Ќефалија истакна дека полицијата повеќе од еден век има клучна улога во зачувувањето на редот и безбедноста и дека секогаш била блиску до граѓаните, и во мирни и во тешки времиња.
Генералниот директор на полицијата Илир Прода нагласи дека институцијата низ историјата се соочувала со бројни предизвици, но постојано ја исполнувала својата мисија – заштита на животот, имотот и безбедноста на граѓаните.
13 јануари 1913 година е официјално признат како датум на формирање на Албанската државна полиција.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden