Премиерот Еди Рама, изјави дека процесот на интеграција на земјата во Европската Унија не треба да се гледа само како политичка или дипломатска цел, туку пред сè како процес чија главна цел е подобрување на животниот стандард на албанските граѓани. На прес-конференција со амбасадорката на Европската Унија во Албанија, Софија Мореира де Соуса, по предавањето на Извештајот за напредокот на Албанија, ...
Read More »Author Archives: Весник Илинден
Во Израел почнуваат консултации за формирање нова влада
Малку повеќе од една недела по парламентарните избори во Израел, претседателот Исак Херцог денеска ги почнува консултациите за формирање влада. Претставници на различни партии денеска попладне последователно ќе пристигнуваат во резиденцијата на Херцог во Ерусалим. За време на разговорите, кои се предвидени да траат до утревечер, партиите исто така ќе го изнесат својот предлог за кандидатот за кој сметаат дека ...
Read More »Извештајот на ЕК: Бара подобра заштита на националните малцинства во Албанија правата постојат на хартија, но нивната примена останува предизвик
Заштитата на националните малцинства во Република Албанија и натаму бара дополнителни напори, особено во спроведувањето на законските гаранции и остварувањето на правата во секојдневниот живот. Ова е еден од акцентите во Извештајот на Европската комисија за Република Албанија објавен на 4 ноември 2026 година. Во документот се нагласува дека, и покрај постоењето на законска рамка за заштита на националните малцинства, ...
Read More »Во Тирана се одржа регионална средба за зајакнување на соработката во областа на воздухопловното пребарување и спасување
Во Тирана се одржа регионалната средба на Регионалниот советодавен комитет за воздухопловно пребарување и спасување (RASARAC), посветена на зајакнувањето на соработката меѓу земјите од регионот во областа на воздухопловното пребарување и спасување (Search and Rescue – SAR). Во рамките на регионалната соработка, во овој механизам се застапени земји како Албанија, Македонија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Црна Гора, Србија, Словачка, ...
Read More »Рама повторно ги повика студентите на дијалог, постави камена маса пред кабинетот
Албанскиот премиер Еди Рама повторно им понуди дијалог на студентите и средношколците кои протестираат против неговата влада, поставувајќи камена маса пред својот кабинет во Тирана. На неа оставил пораки со натпис „Дијалог“, како нов повик за разговори. Во видеообраќање објавено на социјалните мрежи, Рама го покажа просторот пред кабинетот и порача дека е подготвен во секое време и на кое ...
Read More »За првпат, официјалната веб-страница на Општина Пустец ќе биде достапна и на македонски јазик, по барање на Македонско друштво “Илинден“-Тирана
Општина Пустец го прифати барањето на Македонското друштво “Илинден“-Тирана официјалната веб-страница на Општината, покрај на албански, да биде достапна и на македонски јазик. Оваа иницијатива, побарана од Македонското друштво “Илинден“-Тирана, ќе овозможи за првпат официјалната веб-страница на Општина Пустец да нуди информации и на македонски јазик. По официјалното барање на Македонското друштво “Илинден“-Тирана, упатено до градоначалникот на Општина Пустец, претседателот ...
Read More »Николоски: Со гасните интерконектори со Грција и Србија создаваме алтернатива на енергетската инфраструктура
Foto: Facebook/Hristijan Mickoski Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски е дел од владината делегација предводена од премиерот Христијан Мицкоски, која учествува на Самитот посветен на отпорноста во германската покраина Северна Рајна-Вестфалија. На самитот, премиерот Мицкоски учествуваше на панелот „Отпорност како императив за севкупното општество“. Во рамки на посетата, Николоски го потенцира делот инфраструктурните проекти преку кои Македонија се позиционира ...
Read More »Рокас – ЕУ е подготвена да продолжи по уставните измени, Мицкоски бара предвидлив процес
Фото: Влада Европската Унија е подготвена да продолжи со отворањето на преговорите кога ќе бидат донесени уставните измени, порача Михалис Рокас на прес-конференцијата со Христијан Мицкоски. Премиерот побара јасни правила и предвидлив европски процес. Европската Унија е подготвена да продолжи со отворањето на преговорите кога ќе бидат донесени уставните измени, порача Михалис Рокас на прес-конференцијата со Христијан Мицкоски. Премиерот побара ...
Read More »Објавена е книгата „Кодификаторите на македонскиот јазик“ од Димитар Пандев
На 2 јуни 1945 година, деветмина ја потпишале Резолуцијата за македонскиот правопис. Во книгата што ја објави „Матица македонска“, проф. д-р Димитар Пандев раскажува кои биле потписниците, какво искуство внеле во работата на Комисијата за јазик и правопис и како потоа го обликувале јазикот на повоените читанки, весници и радиоемисии. Венко Марковски, Киро Хаџи Василев, Блаже Конески, Крум Тошев, Васил ...
Read More »Ѓурѓај учествуваше на Дијалогот Шлезвиг-Холштајн за зајакнување на социјалната кохезија и заштита на правата на малцинствата во Западен Балкан
Фото: Македонски весник “Илинден” Во Академскиот центар Занкелмарк (Akademiezentrum Sankelmark), во Оеверзе, Сојузна Република Германија, од 1 до 4 ноември 2026 година се одржа Дијалогот Шлезвиг-Холштајн – Западен Балкан, посветен на зајакнувањето на социјалната кохезија, инклузивното управување и заштитата на правата на националните малцинства. На настанот учествуваа високи претставници од Германија, Данска и земјите од Западен Балкан, меѓу кои Албанија, ...
Read More »
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden