18-ти Декември – Ден на националните малцинства во Романија

На 18 декември 1992 година, Генералното собрание на Обединетите нации ја усвои Декларацијата за правата на лицата кои припаѓаат на националните, етничките, религиозните и лингвистичките малцинства. Со одлука на Владата бр. 881/1998, денот 18 декември е прогласен за Ден на националните малцинства во Романија.

На иницијатива на пратениците кои припаѓаат на Групата на националните малцинства во Романија, беше промовиран предлог-законот за воспоставување на национално ниво на денот на националните малцинства во Романија. Во Романија, малцинствата имаат поддршка од државата, во промовирањето на сопствените традиции и култура, за доброто на целото романско општество.

Друштвото на Македонците во Романија денес носи свечена облека, уживајќи во значајноста на денот на националните малцинства во Романија! Убедени сме дека ние, националните малцинства, и понатаму ќе имаме значајна улога во развојот на романското општество, за доброто на сите! Друштвото на Македонците во Романија им посакуваме искрено „За многу години” на Македонско национално малциство и на сите национални малцинства во Романија.

Advertisement