21 Фебруари – Меѓународен ден на мајчиниот јазик

Денеска светот го одбележува Меѓународниот ден на мајчиниот јазик кој бил прогласен на триесеттата седница на Генералната конференција на УНЕСКО во 1999 година. Главната цел на одбележувањето на овој ден е промовирање на свеста за јазичната и културната разновидност насекаде низ светот. Јазиците се најмоќниот начин да се зачува и развива културата и да се промовира низ целиот свет.

На меѓународниот ден на мајчиниот јазик УНЕСКО и другите агенции на ООН учествуваат во настаните за промовирање на лингвистичката и културната разновидност, како и мултилингвизмот низ светот. Тие ги ценат и охрабруваат луѓето да бидат запознаени со нивниот мајчин јазик и им даваат насоки во врска со унапредувањето на нивниот јазик и култура кон другите земји.

Меѓународниот ден на мајчиниот јазик се слави во спомен на четворицата млади студенти кои беа убиени во Бангладеш додека се бореа за нивниот мајчин јазик и се слави за да се покаже дека нивните жртви никогаш нема да бидат заборавени.

Advertisement