Творци на документот главно се Томас Џеферсон, Бенџамин Френклин, Џон Адамс, Роберт Ливингстон и Роџер Шерман. Оригиналниот документ кој бил проследен за печатење е загубен. Документот кој денес е изложен во Националните архиви на САД во Вашингтон е напишан на рака и потпишан од повеќето делегати помеѓу 19 јули и 2 август 1776. Декларацијата за независност и денес се смета за светилник на американската нација за вредностите кон кои треба да тежнее: „…сите луѓе се создадени еднакви, обдарени од Создателот со одредени неотуѓиви права меѓу кои правото на живот, слобода и потрага по среќата.“