На 17 ноември се одбележува 81-годишнината од ослободувањето на Тирана од нацистите во 1944 година. Пред 81 години трупите на Првата нападна бригада предводена од Мехмет Шеху го ослободи главниот град на Албанија, после 19-дневни жестоки борби. Во тие операции активната улога имале жителите на главниот град. Операцијата за ослободување на Тирана беше подготвена и спроведена во рамките на општата офанзива на антифашистичката народно-ослободителна војска.
Партизанските сили имаа и воздушна поддршка, од британските воздушни сили кои ги напаѓаа германските конвои надвор од главниот град. Ослободувањето на Тирана беше од големо политичко значење бидејќи со тоа беа крунисани неколкугодишните борби на антифашистичката национално ослободителна војска. Следниот ден, на 18 октомври, преку информација на германското радио во Берлин било објавено дека германските трупи се повлекле од касарните во Тирана. По повод 76-годишнината од ослободувањето на главниот град, општина Тирана организираше настан под мотото „Тирана – вчера и денес“ со повеќе активности, вклучувајќи изложба на слики и фотографии и уметничка програма.
Македонците активно се вклучија во антифашистичката народно-ослободителна војна на Албанија. Македонците, заедно со албанските партизани ги поразија фашистичките и нацистички окупатори во Албанија. Врз основа на пожртвуваноста на македонските партизани во антифашистичката војна во Албанија во Втората светска војна, во 1945 година Македонците беа признати како национално малцинство во Мала Преспа и селото Врбник во Деволската област во округот Корча и во областа Голо Брдо во округот Пешкопеја.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden
