Светиот Синод на Руската Православна Црква со Константинополската Патријаршија е невозможно да се продолжи во евхаристиска заедница

Кон целосен прекин на општењето со Константинополската Патријаршија доведе денес Светиот Синод на Руската Патријаршија, кој за прв пат во историјата се состана во Минск, Белорусија. Патријархот Кирил и синодските митрополити на Руската црква одговорија на овој начин на решението на Константинополската Патријаршија да го поништи одлачувањето и расчинувањето наметнати на патријархот Филарет Украински како и на до неодамна шизматичкиот архиепископ Макариј, коишто ги врати во канонскиот поредок.

Оваа одлука на Руската црква делумно беше очекувана, бидејќи речиси и беше најавена од митрополитот Волоколамски Иларион, којшто изминатиов петок на телевизиската станица „Русија 24“ рече дека Руската црква е подготвена за целосен прекин на општењето со Константинополската Патријаршија, објаснувајќи дека „Константинополскиот Патријарх го направи невозможно запазувањето на единственото со Константинополската Патријаршија“. На заседанието на Светиот Синод учествуваше и митрополитот Киевски Онуфриј, којшто на минатото заседание учествуваше преку видеоконференција.