Претставници на Македонско национално малциство во Албанија укажаа на проблемите со кои се соочуваат и побараа од министерот Адеми соработката со релевантните институции на Република Албанија да го поттикнат интересот и да инвестираат во општините каде Македонците се мнозинство.

Министерот Адеми истакна дека посебно ќе се посвети на нивните барања и воедно, ги потсети присутните дека важно е што веќе е воспоставена стратешка соработката меѓу државата.  Како што наведе, со тоа реализацијата на активностите ќе биде полесна.

Амбасадорот на Република Македонија во Тирана Марковски им посочи на претставници на Македонско национално малциство во Албанија, да се приклучат, укажувајќи им дека Амбасадата е отворена за идна соработка и поддршка.