Најмалку едно лице e убиено, а неколкумина се повредени откако маж отворил оган во трамвај во холандскиот град Утрехт, соопшти полицијата. „Неколку куршуми биле испукани во трамвајот, едно лице е убиено, а неколку се повредени. На местото на настанот има хеликоптери, а досега никој не е уапсен“, изјави портпаролот на полицијата Јуст Ланшаге.
Холандскиот премиер Марк Руте се обрати по инцидентот и изјави дека е длабоко загрижен и дека поради овој настан ќе биде свикан кризен состанок на владата. Холандското радио објави дека зголемено е нивото на безбедност и во седиштето на владата во Ден Хаг. Полицијата објави дека напаѓачот избегал со автомобил по пукањето. Од таму исто така наведуваат дека во моментов се истражува дали станува збор за терористички напад.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden
