ЕУ: Македонско малцинство признато во Романија, но не и во Бугарија и во Грција каде Македонците ги има најмногу

Македонскиот јазик е еден од официјалните малцински јазици во земјите членки на ЕУ, поточно тој е признаен, исто како и македонското национално малцинство во Република Романија, јавува дописникот на МИА од Стразбур.

Во рамките на изложбата поставена во Европскиот парламент, наспроти хемисиклот каде се оддржуваат пленарните сесии, поместена е мала изложба за мултијазичноста во земјите членки на Европската Унија.

Така на паното посветена на Романија, меѓу јазиците кои се признати официјално како јазик на официјално признато национално малцинство кое живее на нејзината територија се наоѓа и македонскиот јазик.

Убава е веста дека во Романија е признат македонскиот јазик и македонското национално малцинство, каде што живеат далеку помал број Македонци отколку во Грција и во Бугарија, кои исто така се членки на ЕУ, но не се признава македонско национално малцинство и македонски јазик.