Хрватска: Силен земјотрес го погоди Загреб (ВИДЕО)

Два силни земјотреси ги потресоа Загреб и северозападна Хрватска во утрово- “Јутарњи лист” јавува дека загинало девојче (15). Првото силно тресење е регистрирано во 6.24 часот, а според податоците на хрватската сеизмолошка служба, силата на земјотресот била 5,5 според Рихтер. Јачината на вториот земјотрес бил 5,0.

Третиот земјотре бил околу 7:40 часот, со јачина од 3,7 степени. Полицијата ги предупредила граѓаните да излегуваат веднаш од домовите, да се оддалечат од зградите, без разлика дали се оштетени или не. Сепак, од граѓаните се бара да се оддалечат едни од други, со оглед на епиемиолошката криза. Претседателот Зоран Милановиќ бил евакуиран од неговиот стан.

https://www.facebook.com/index.hr/videos/238991687141985/