Бритиш ервејс ја прекинува работата за 36.000 вработени

Авиокомпанијата постигнала договор со синдикатот на индустријата и барат итен прекина на  работата за околу 80 проценти од екипажот во авионите, приземниот персонал, инженерите и оние кои работат во седиштето на компанијата, објави Би-Би-Си, истакнувајќи дека екипажот не се очекува да биде отпуштен.

Разговорите со синдикатите се уште се во тек, се вели во соопштението на британскиот „Ервејс“.

„Бритиш ервејс“, сопственост на Меѓународната авиокомпанија (ИАГ), во вторникот објави дека привремено ги прекинува летовите од Гетвик, вториот најпрометен аеродром во Велика Британија поради коронавирусот.

Авијацискиот сектор е сериозно погоден од ширењето на коронавирусот ширум светот, што доведе до тоа многу земји да воведат ограничувања за патувања. Во овие околности, приходите на авиокомпаниите нагло опаднаа, па затоа се обидуваат да ги намалат трошоците за работа за да ја преживеат „коронарната криза“.