
Претседателот на ДУИ, Али Ахмети, потврди дека добил покана да се јави во Специјалниот суд во Хаг. Тој за ТВ 21 изјави дека навистина е повикан во судот и дека планира да оди.
Минатата недела во Судот во Хаг беше повикан претседателот на Косово, Хашим Тачи. Тој три дена даваше исказ за неговата улога во војната на Косово. Засега е непознато дали поканата за Ахмети е поврзана со исказот на Тачи.
Освен за Тачи, Специјалниот Суд во Хаг покрена обвинение и за претседателот на ДПК, Кадри Весели, кој од време на воениот конфликт па сѐ до 2008 година ја вршеше функцијата директор на Инфорамативната служба на Косово. Во списокот на обвинети на Специјалниот суд, според косовските медиуми, се наоѓаат и други високи функционери на ОВК.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden