
Општина Булќиза распредели пакети со хуманитарна помош за 50 македонски семејства кои се во социјален ризик, во административните единици Требиште и Острени, област Голо Брдо,
Помошта се состои од прехрамбени артикли, средства за одржување на хигиена и по вреќа брашно. Во двете административни едници опфатени се по 25 семејства кои се во најнеповолна социо – економска состојба. Проценката ја направивме ние затоа што најдобро ја познаваме состојбата на секое семејство и наша цел беше истата да се најде онаму каде што е најпротреба, изјави за Македонски весник “Илинден” Едмонд Османи, админстратор на единицата Требиште. Ова е последователна помош што ја доделува општина Булќиза за жителите, главно Македонци во областа Голо Брдо, за што, Османи изразува голема благодарност.
Многу сме благодарни што општината и градоначалникот Лефтер Ала не не забораваат и секогаш се подговени да им помогнат на жителите од нашата област. Пред почетокот на зимата на поголем број семејства им беа распределени ќебиња и јоргани,а по појавата на пандемијата со Ковид-19 редовно општината донира помош во брашно, прехрамбени артикли, средстава за одржување на хигената,како и дезинфекциски средства, посочува Османи.
Административните единици Требиште и Острени се некогашните истомени општини кои беа укината со Законот за територијална поделба. На почетокот на јануари со решение на градоначалникот на општина Булќиза, Лефтер Ала, а во согласност со Владата во Тирана, Едмонд Османи, познат активиност за правата на Македонците во Албанија и потпретседател на единствената македонска партија, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, беше назначен за администратор на админстративната единица Требиште, додека Алтин Тола, Македонец од Острени, на амдинистративната единица Острени.
Во исто време друштвото искажува благодарност до градоначалникот на општина Булќиза, Лефтер Ала за хуманитарна помош што денска стигна во Требиште и Острени, областа Голо Брдо.

Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden