
И покрај пресудите на судот во Стазбур, македонските здруженија се уште се соочуват со проблеми при обидите за регистрација на организации и друштва. Стојко Стојков од ОМО “Илинден”-Пирин вели дека и покрај меѓународниот притисок, официјална Софија не попушта.
Сите организации вршат притисок врз Бугарија,и тоа е дел зошто Бугарија така панично реагира, ние имаме 14 пресуди кои не се реализирани, организациите не добиле регистрација иако победиле. Сега пред избори пратиле писмо до бугарскиот претседател, писмо кое многу добро може да се искористи за внатрешно политичка употреба а и на некој начин да биде искористено, мене ме плаши дека Бугарија ќе влезе во нова фаза да претендира дека Македонија создава проблеми на Бугарите и на тој начин да ја оправда својата блокада пред евроинтеграциите на Македонија, истакна Стојко Стојков – ОМО “Илинден”-Пирин.
Европскиот суд за човекови права минативе 30-тина година донесе повеќе пресуди со кои и наложува на Бугарија да ја почитува конвенцијата за човекови права и фундаментални слободи, но откако ни тоа не помогна, Советот на Европа и наложи до лето да ги регистрира здруженијата и партиите на малцинствата.
Пресудите вродија декларација или резолуција на совет на комитет на министри на совет на Европа во октомври дека Бугарија е задолжена до јуни 2021 година да ги признае македонските малцинства. Тоа е епилогот од сите 17 пресуди. Предвидуваат правото на здружување да им биде овозможено од страна на бугарската држава без никакви административни проблеми, вели Тони Менкиноски.
Прашањето за малцинствата се актуелизираше откако бугарскиот претседател одржа скандалозен состанок со шефовите на безбендосните служби поради наводно нарушување на правото на самоопределување на Бугарите во Македонија, што од македонскиот државен врв беше оценето како директно мешање во внатрешните работи на Македонија./www.kanal5.com.mk
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden