
По двонеделна битка со Ковид-19, денес почина Арбен Костури познат новинар од Корча, член на Унијата на албански новинари, како и претседател на организацијата „Дисутни Албанија“, соопшти Унијата на новинари на Албанија. Педесетгодишниот Арбен Костури повеќе од две децении подготвуваше радио и телевизиски програми на ромски јазик и е еден од основачите на Унијата на новинари.
Големи заслуги има во борбата за правата на припадниците на малцинствата, пред се на ромската и египќанската етничка заедница во Албанија, обезбедувањето и распределбата на хуманитарна и друга помош за нив и училиштата каде нивните деца следат настава.
Тој беше голем обожаветел на кралицата на ромската музика, Есма Реџепова, со што се гордееше, добар пријател на македонската заедница и тесно соработуваше со асоцијациите на Македонците во Албанија.
Костурани зад себе остави сопруга и пет деца.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden