Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Сотировски одржа онлјан средба со Директората на Комитетот за култови на Албанија, Алико

Директорот на КОВЗРГ г-дин Даријан Сотировски одржа онлјан средба со Директората на Комитетот за култови на Република Албанија. Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ) г-дин Даријан Сотировски одржа онлајн состанок со албанска колешка г-ѓа Лорета Алико, директор на Комитетот за култови на Република Албанија. На средбата се разговараше за важноста во вонредни работни услови на пандемија да се продолжи да се негува и унапредува регионалната соработка.
Нашите две институции имаат одлична комуникација и редовно споделување на искуства во справувањето со различни предизвици.