
Во пресрет на Празникот над празниците, Христовото воскресение Велигден, епископ г. Партениј и игумен на Бигорскиот манастир, доби дар прекрасна филигранска архијерејска панагија. Нашиот старец и игумен, епископ г. Партениј, доби на дар еден редок и прекрасен поклон: филигранска архијерејска панагија.
Овој уникатен дар на старецот му го принесоа неговите духовни чеда Илче и Катерина, Софија, Наум и Димитриј Каневче од Охрид, во знак на почит и благодарност за неговата татковска љубов кон сите негови духовни чеда, информираше отец Кирил.
Епископската енколпија е рачно изработена од самото семејство, во техниката филигран, а украсена е со преубави македонски рубини. На средина има рачно нацртана икона на Мајката Божја со нејзиниот син, Господ Исус Христос во рацете. Срдечно му благодариме на благочестивото семејство Каневче за нивната почит и љубов кон нашиот старец и владика. Господ Бог да ги благослови нивните добри дела, рече отец Кирил.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden