
Делегација предводена од претседателот на Единствена горанска партија, и пратеник во Косовскот собрание, Адем Хоџа, оствари средба со министерот за внатрешни работи, Џелал Швечла. Со министерот беа отворени прашања во врска со безбедноста на граѓаните, како и други важни теми. Граничниот премин Рестелица-Стрезимир со Македонија, наскоро ќе биде отворен за период од два месеци. Исто така беше побарано да се зголемат капацитетите на граничниот премин Крушево – Шиштавац. Во областа Гора, во падините на Шар Планина распослани се 18 села, населени со Македонци со муслиманска вероисповед.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden