
Во Атина избувнаа судири меѓу демонстранти и полицијата во позадина на протестите против гласањето за мерките кои предвидуваат намалувања на пензиите и даночните олеснувања во земјата. Според локалните медиуми, демонстрантите фрлале молотови коктели и други предмети против органите на редот, кои возвратиле со солзавец.
Ова е втор ден на протести против економските реформи, кои се очекува да бидат изгласани околу полноќ во четвртокот. Демонстрациите, за време на кои поворка на околу 4 илјади поддржувачи на локалниот синдикат со левичарска ориентација поминала низ центарот на градот, а други речиси 2 илјади лица се собрале пред парламентот, почнала мирно, но подоцна дошло до ескалација на тензиите.
https://www.youtube.com/watch?v=oQySWo0WIgs
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden