
Со поставување камен темелник денеска во близина на Охрид ќе биде означен почетокот на изградбата на 400 – киловолтниот далновод Битола (Македонија) – Елбасан (Албанија), како дел од Коридорот 8.
Како што соопшти владината прес-служба, на почетокот на изградба на овој капитален објект ќе се обрати премиерот Зоран Заев, а обраќања ќе имаат и министрите за транспорт и врски Благој Бочварски, за економија Крешник Бектеши, заменик-министерот за енергија и индустрија на Албанија Илир Бејта, генералниот директор на Електропреносниот систем оператор на Албанија, Скерди Дренова, како и Куштрим Рамадани, генерален директор на АД МЕПСО. На настанот, кој е во организација на АД МЕПСО, предвидени се и обраќања на претставници на Делегација на ЕУ, како и на Европската банка за обнова и развој.
Изградба на интерконективен надземен вод 400 kV ТС Битола 2 – Македонско Албанска граница и ТС 400/110 kV Охрид интерконективен надземен вод 400 kV Битола (Македонија) – Елбасан (Албанија) претставува последниот дел од реализацијата на коридорот 8во контекст на создавање коридор исток – запад за пренос на електрична енергија меѓу Бугарија, Македонија, Албанија и Италија. Во склоп на интерконекцијата се предвидува изградба на нова 400/110 kV трафостаница во охридско – струшкиот регион со која би се надминале проблемите кои постојат во југо – западниот дел од преносната мрежа.
Проектот 400 kV интерконекција Битола (Македонија) – Елбасан (Албанија) е еден од трите проекти од Југоисточна Европа за кои е покажан интерес од заедницата на донатори/финансиери на енергетски проекти од Европската комисија (донатори/финансиери кои ја финансираат ИПА повеќекорисничката програма во која е воспоставен нов инструмент за поддршка на економскиот развој во регионот – инвестициска рамка на Западен Балкан(WBIF)).
На Управен комитет на WBIF е одобрена донација за изработка на Студија за оправданости, Студија за ОВЖС за проектот 400 kVинтерконекција Битола (Македонија) – Елбасан (Албанија). Проектот именуван како WB4bis-REG-ENE-01 ќе биде спроеведен од страна на конзорциум од меѓународни експерти предводени од COWI (Данска), а донатори/финансиери на овој проект се Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) и KfW.
Реализацијата на оваа инвестиција во полна функција ќе го ставен електроенергетскиот коридор исток – запад што значи транзит на струја од Македонија и Албанија до Италија, посочуваат од Владата.
Post Views: 467