Фондот за Западен Балкан прослави четвртата годишнина од неговото создавање  

Присуствуваа амбасадори и дипломатски претставници на договорните страни на Фондот за Западен Балкан, земјите членки на ЕУ, Јапонија, Швајцарија и членови на граѓанското општество.

Извршниот директор Ѓерѓи Мура, на Фондот за Западен Балкан кажа единствен механизам за соработка и добар пример за регионалните иницијативи. „Нашето портфолио овозможи создавање мрежи помеѓу 3.400 граѓански организации, образовни и истражувачки институции, културни и спортски здруженија, деловни и локални избрани тела, од целиот регион, во кои беа вклучени повеќе од 10.000 учесници“, рече тој.

Во име на Министерството за надворешни работи на Република Македонија, се обрати Амбасадорот на Македонија во Република Албанија Данчо Марковски рече: „Кога го основавме Фондот за Западен Балкан  пред четири години, никој не можеше да замисли дека за релативно краток период, оваа организација ќе стане активен регионален актер фокусиран на негување добрососедство односи, подобрување на регионалната соработка и унапредување на поврзаноста “.

Данчо Марковски амбасадор на Република Македонија во Тирана

Меги Фино, заменик – министер за надворешни работи на Албанија, ја поздрави „трансформацијата на Фондот на Западен Балкан во функционален и успешен регионален ентитет“.

За време на своето постоење, Фондот за Западен Балкан финансираше 68 проекти, во вредност од 900.000 евра. Во последните четири години, Фондот за Западен Балкан овозможи повеќе мрежи во регионот, вклучувајќи 3.400 засегнати страни и повеќе од 10.000 лица.

Со континуираната поддршка на владите на шесте договорни страни, Македонија, Албанија, Србија, Црна Гора, Косово и Босна и Херцеговина, секретаријатот на Западен Балкан останува посветена на тоа да има повеќе поддржани проекти, поодговорни организации и повеќе соработки.