Зоран Заев поднесе оставка од премиерската функција и од лидер на СДСМ

Зоран Заев на вечерашната прес-конференција го призна поразот на локалните избори и објави дека поднесува оставка и од функцијата премиер и од претседател на Социјалдемократскиот сојуз.

Во обраќањето рече дека од името на СДСМ им ја честита победата на противниците и ја презеде одговорноста за резултатите на изборите.

„Им честитам на сите градоначалници. Сакам да споделам разочараност кај мене и кај народот. На овие избори видовме сојузи на жртви и насилници од 27 април. Се здружија без каков било образ за глас и пари“, рече Заев. Тој, како што рече, сепак, останува на ставот дека не треба да има вонредни парламентарни избори.