
Меѓувладината мешовита комисија за заштита на националните малцинства меѓу Македонија и Хрватска денеска во Скопје гп одржа петтиот состанок.
Како што соопшти Министерството за надворешни работи, копретседавачите на состанокот – заменик-министерката за надворешни работи Фатмире Исаки и Звонко Милас, државен секретар во Државниот уред за Хрватите надвор од Хрватска, го поздравија конструктивниот пристап на двете страни за заштита на националните малцинства.
Заклучивме дека двете страни придонесуваат во развојот и подобрувањето на соработката во оваа сфера, свесни за значењето на зачувувањето и промоцијата на јазичната и културна разноликост во секоја од државите. Како и на претходните, и на денешната средба разговорите се одвиваа во духот на пријателство и заемно уважување, што е резултат на фактот што и Македонија и Хрватска имаат многу позитивен однос кон малцинските прашања, истакна Исаки.
Копретседавачот од Хрватска, Милас, изјави дека на состанокот усогласиле се што може да придонесе за потребите на граѓаните.
На петтиот состанок во Скопје направивме работи за кои сме сигурни дека ќе придонесат за подобро секојдневие на Хрватите во Република Македонија, што се докажува преку заемната високо-мотивирана желба. Записникот го усогласивме многу брзо. Се усогласивме за се што може да придонесе за потребите на нашите граѓани, рече Милас.
МНР информира дека на денешниот состанок е потпишан договор за соработка меѓу националните телевизии на Македонија и Хрватска – МРТВ и ХРТ.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden