
На објектот на македонската амбасада во Тирана, македонското знаме е поставено на половина копје, по одлуката на владата за тридневна жалост, поради сообраќајната несреќа, во која животот го загубија 46 македонски граѓани.
Од амбасадата изразуваат длабоко и искрено сочувство до семејствата на настрадати и посака брзо закрепнување на поврдените.
Голема тага и длабока болка за трагичната загуба на животи на наши граѓани денес во страшната несреќа во Бугарија. Во овие тешки моменти, изразуваме најдлабоко сочувство до семејствата и посакуваме брзо и целосно закрепнување на преживеаните, стои во објавата на амбасадата.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden