Новогодишно обраќање на извршен директор на Фондот за Западен Балкан, Ѓерѓ Мура

Почитувани партнери, колеги и пријатели на Фондот за Западен Балкан

Се ближи крајот на годината, а ова е одличен момент да се навратиме на сите значајни достигнувања и да видиме што допрва треба да се постигне!

За нас во Фондот за Западен Балкан, како и за повеќето од вас, 2021 година беше година на невидени предизвици создадени од пандемијата COVID 19. Но, нема раст без болка. Ова е повистинито од кога било во текот на годината во која постигнавме нови височини, кулминирани со заедничката акција започната со Европската унија и новите договори за партнерство со швајцарската и јапонската влада.

Фондот за Западен Балкан успешно ги затвори проектите на Третиот повик и одржува редовна комуникација со сите грантисти, дискутирајќи за алтернативни решенија за секој проект во согласност со новите мерки и правила кои подразбираат физички состаноци, во некои случаи усвојувајќи ги потребните прилагодувања и идентификувајќи решенија прилагодени.

Во текот на оваа година, Фондот спроведе повик за истражувачки трудови, учествуваше во многу активности за вмрежување, организираше регионална турнеја посетувајќи дванаесет локации и шест главни градови во многу тешки околности и го објави својот 4-ти повик за предлози, 527 организации се регистрираа оваа година на нашиот нов онлајн систем за апликации! Над 250 пополнети апликации, со создадени повеќе од 750 партнерства!

Ова е извонреден резултат, потврда за довербата кон нашата организација и процесите на регионална соработка. Ќе продолжиме со целосна транспарентност и отчетност за да ги идентификуваме најдобрите и најодговорните регионални проекти/иницијативи во рамките на овој повик.

Повторно, нашиот регион покажа голем интерес за зголемување на соработката преку создавање на партнерство со организации и зајакнување на довербата кон нашата организација.

Од нашето основање, со гордост изградивме проширена мрежа од 3.400 засегнати страни, директно влијаејќи на животите на повеќе од 10.000 луѓе во регионот. Горди сме затоа што, исто така, благодарение на мостовите изградени од Фондот за Западен Балкан, денес е многу попросперитетен и помирен регион. Но, најдоброто допрва доаѓа.

Новата година, драги пријатели, тоа е шанса да дочекаме нов почеток за да го обновиме нашиот ентузијазам за бркање цели и соништа! Здравје, среќа и бериќет во 2022 година! – стои во честитката потпишано од Ѓерѓ Мура извршен директор на Фондот за Западен Балкан.