
Македонскиот амбасадор во Тирана Данчо Марковски денеска беше во посета на албанскиот законодавен дом, каде оствари средби со првите луѓе на две парламентарни комисии.
Имено, тој оствари одвоени средби со претседателката на комисијата за европски интеграции, Jорида Табаку и претседателката на комисијата за надворешни работи, Мими Кодели.
Разговорите беа искористени за меѓусебно информирање околу новиот пристап и воспоставениот позитивен дијалог меѓу владите на Македонија и Бугарија во насока на воспоставување меѓусебна доверба, со цел откочување на евроинтегративните процеси, информираа од амбасадата.

Додаваат дека заедничка констатација била дека Македонија и Албанија остануваат посветени на членството во ЕУ, како најважен надворешно политички приоритет. Средбите биле искористени и за конкретизирање на планот за работни посети на парламентарните комисии на двете земји.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden