
Македонскиот амбасадор во Тирана, Данчо Марковски оствари работна средба со албанската министерка за земјоделство и рурален развој, Фрида Крифца. На средбата беа потврдени добрите меѓусебни односи на двете земји, а посебно и одличната соработка на министерства за земјоделство на двете земји.
Средбата беше искористена за меѓусебно информирање околу актуелните предизвици на двете земји во земјоделскиот сектор, создадени од кризата во Украина , како и начинот како заеднички успешно да се надмине овој предизвик создаден во земјоделскиот сектор, информираа од амбасадата.
Било акцентирано значењето на иницијативата ” Отворен Балкан”, како и спроведувањето на веќе потпишаните договори, со цел да се олеснат многу процедури и претходни пречки со кои се сочуваа земјоделците при увоз-извоз во двете земји.
Амбасадорот Марковски дополнително изрази задоволство од континуираниот раст на трговската размена помеѓу двете земји, која минатата година за првпат надмина 200 милиони евра, а оваа година се очекува да надмине и 300 милиони евра, посочуваат од македонската амбасада во Тирана.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden