Се самоуби Кастриот Муфтарај, еден од најпознатите албански аналитичари и публицисти

Еден од најпознатите албански, аналитичари, публицисти и новинар Кастриот Муфтарај, си го одзеде животот фрлајќи се од четвртиот кат од објектот каде што живеел, пишува албанскиот портал albaniandailynews. Полицијата потврди дека немилиот настан се случил во 12:55 часот во населбата „Али Деми“ во Тирана и додава дека во тек е увид.

Од 28 септември 2017 година, ја водеше емисијата „Зборува Москва“, последната емисија на тема „План за атентат на сопственик на медиум“ беше на 17 јуни, од кога не бил виден во јавноста. Целта на мојата емисија е да им ги откријам лагите што на народот му ги нуди политиката, медиумите кои се на нејзина услуга, како и наследените историски лаги, велеше Муфтарај. Како што пишуваат медиумите, сè се случило пред очите на неговата мајка, со која живеел. Муфтарај беше роден 1966 година во Корча.