
Од денеска до недела, во Белград ќе се одржи првиот меѓународен саем за вино „Винска визија на Отворен Балкан“, кој се организира под покровителство на владите на Србија, Македонија и Албанија, како дел од иницијативата „Отворен Балкан“.
На едно место ќе ги собере мајсторите во производството на најдобрите вина и ќе го промовира Балканот како туристичка дестинација. Се очекува да присуствуваат над 332 излагачи од 22 земји.
Вината ќе ги оценуваат 25 меѓународни вински судии од целиот свет, а меѓу нив ќе има дури петмина носители на титулата „Мајстор на виното“, најпрестижна титула во светот.
Утре е планиран и лидерскиот самит меѓу Вучиќ, Ковачевски и Рама. Средбата е продолжение на разговорите од Тирана на крајот на јули, кога беше договорено формирање заедничка работна група за соработка во енергетската криза и за стратегиски проекти во рамките на „Отворен Балкан“. Има 235 винарии од трите земји на „Отворен Балкан“, Србија, Македонија и Албанија.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden