Македонскиот јазик ќе се изучува на педагошкиот факултет во Корча

Македонскиот јазик ќе се изучува на педагошкиот факултет во Корча. Ова е договорено на денешната средба меѓу министерката за култура Стојчевска и ректорот Бело. Ваквата најава следи во турбулентен период кога Македонците во Албанија се жалат дека Бугарија прави притисок – македонското малцинство да го запише како бугарско. Стојчевска вели дека грижата за идентитетските особености, со акцент на јазикот и културните вредности се нашите врвни приоритети.

И претседателот на Советот за македонски јазик, Људмил Спасов, беше присутен на денешните средби. Според него ова е силно зацврстување на македонскиот јазик, но треба уште проширување на наставните програми по македонски јазик и во други држави. На денешните средби, договорено е организирање и на Денови на македонската култура во Корча. Планот е истите да се одржат во втората половина на следниот месец.