
На 14 и 15 октомври градоначалникот на Елбасан, Гледијан Латја, придружуван од претседателот на Црногорската заедница во Република Албанија, Маринко Цулафиќ ја посети Црна Гора. На првиот ден од посетата на средба беа пречекани од градоначалникот на Бар, Душан Раичевиќ. Соработката меѓу двете општини започна пред 3 години кога беше потпишан Меморандум за соработка со општина Ресен во Македонија. Разговорот се одвиваше во пријателска атмосфера и се разговараше за натамошниот развој на проектот на Сввети Јован Владимир, неговото патување пред повеќе од 1.000 години (Бар – Елбасан – Ресен) да се претвори во годишна туристичка атракција. Двајцата градоначалници ветија зајакнување на билатералната соработка во иднина.
На вториот ден од својата посета, Латја и Цулафиќ го посетија градот Будва, каде што беа пречекани од градоначалникот на овој град, Мило Божовиќ. По презентацијата на општините што ги претставуваат, двајцата градоначалници разговараа за можностите за културна размена, спорт и соработка во областа на туризмот. Цулафиц и градоначалникот на Елбасан попладнето заедно со дел од неговиот кабинет ја посетија општина Улцињ каде беа примени од потпретседателот на оваа општина Сабри Салај и претседателот на Собранието Ардијан Мавриќ.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden