Министерот за внатрешни работи, Спасовски утре ќе учествува на Министерскиот Форум ЕУ-Западен Балкан во Тирана и ќе се сретне со претставници на македонското национално малцинство во Албанија

Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски предводи делегација од МВР во Тирана, Република Албанија, каде што ќе учествува на Министерскиот Форум ЕУ-Западен Балкан за правда и внатрешни работи.

Министерот Спасовски на Министерскиот Форум ќе има свое обраќање на двете сесии и тоа: во првата Сесија – Внатрешни работи на тема – „Соработка во справувањето со безбедносното влијание од руската воена агресија против Украина” и во втората Сесија – „Зајакнување на миграцијата, азилот и управувањето со границите”.

Во рамки на работната посета, министерот Спасовски ќе се сретне со амбасадорот на Република Македонија во Тирана и со претставници на друштвата на македонското национално малцинство во Република Албанија.