Македонија ќе бара од Бугарија да ги спроведе пресудите на судот за човекови права во Стразбур

Министерството за правда на Бугарија да одговори зошто досега не се спроведени пресудите за човекови права од судот во Стразбур кој што досега 14 пати и наложи на офицјална Софија да дозволи регистрирање на македонското здружение Омо “Илинден”- Пирин. Ова според информациите на ТВ 24 е планот на првиот човек на правда Кренар Лога, по средбата со копретседателот на здружението Стојко Стојков. Освен одговор од Бугарија, Лога, ветил и дека на неговата агенда ќе бидат и меѓународните фактори. Однсоно прашањето ќе биде отворено со преставници на Советот на Европа, ОБСЕ, но и со Мисијата на ЕУ во Македонија

Министерство за правда – Се дискутираше за годишниот извештај на Европскиот суд за човекови права во Стразбур во кој е посочено дека Република Бугарија не ја спроведува пресудата за основните човекови права на слободно здружување која ОМО “Илинден”-Пирин не може да ја реализира и да се регистрира. За неспроведувањето на 14-те пресуди на судот во Стразбур во корист на македонците во Бугарија ќе бидат информирани и меѓународните фактори.

Копретседателот на Омо “Илинден”-Пирин Стојко Стојков за тв 24 вели дека очекува конечно Европа да се разбуди, соосбено бидејќи ќе, се реагира од министерско ниво. Стојков вели дека за уставните измени не се разговарало, но според него треба да има реципроцитет.

Стојков порачува дека однсоите меѓу македонците во Бугарија и бугарските валста – никогаш не била добра , но вели тензиите се екстремно згоелени по затворањето на бугарските клубови со имиња на фашистичи соработници во Мкаедонија.

По последниот извештај на судот за човекови права во Стразбур, каде повторно се потенцира дека по Турција и Русија во Бугарија има најмногу неспроведени пресуди мна овој суд, меѓу кои и случајот со пресудите за ОМО “Илинден”-Пирин, од комитетот на министри на советот на европа, порачаа дека кога ќе се формира нова влада повторно ќе разговараат со офицјјална софија з аизвршувањето на пресудата за Омо “Илинден”-Пирин.