Директорот на КОВЗРГ учестуваше на јубилејното 30-то Генерално собрание на Светското интерпарламентарно собрание на православието

Директорот на КОВЗРГ, г-дин Даријан Сотировски присуствуваше на свечената инаугуративна церемонија на јубилејното 30-то Генерално собрание на Светското интерпарламентарно собрание на православието.

Директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи (КОВЗРГ), г-дин Даријан Сотировски на ден 29. 06. 2023 година присуствуваше  на свечената инаугуративна церемонија на јубилејното 30-то Годишно генерално собрание на Светското интерпарламентарно собрание на православието, кое годинава се одржува во Грција, а на покана на Генералниот секретар Максимос Каракопулос.

Учеството на рекорден број на делегации на овогодинешното собрание од многу светски земји упатува на свесноста за значајноста од одржување и постојано надградување на односите меѓу нациите, институциите и парламентарците кои веруваат и се залагаат за православните вредности и традиции.