
Телевизијата прво започна со емитување во подрачјето на Скопје,пред да го прошири опфатот на остатокот од земјата. Канал 5, 25 години зрачи во етерот и е една од водечките телевизии во Македонија, сведок е на многубројни настани значајни за државата. Телевизијата веќе 25 години се грижи за јавниот дискурс, креирајќи го јавното мислење, а со критичка опсервација на политичките настани. Телевизијата 25 години се грижи за навремено информирање на гледачите, следејќи ги секојдневните настани кои се од јавен интерес.
Канал 5 се наметна со телевизиските дебатни емисии, каде на сите политички фактори им се даде и се уште им се дава простор да го кажат своето мислење. Телевизијата создаде и содржини од сопствена продукција од забавно-рекреативен и културно-едукативен карактер, богата филмска и музичка програма, како и спортски содржини.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden