
Македонски клуб “Илинден”-Лацен, дбележа 45 години од своето основање, во просторите на Македонска заедница во Латцен се организира голема прослава co богато македонско мени и прекрасни народни македонски песни и ора.
Во овје 45 години Македонскиот клуб “Илинден”-Латцен работеше на промовирање на македонскиот јазик и култура обичај и традици на Македонскиот народ. На прославата присуствуваа бројни членови, преставници на Македонската православна црковна општина Свети Спас и претседателот на Македонско друштво “Илинден“-Тирана Никола Ѓурѓај, и останати соработници кои дале особен придонес во развојот на Македонски клуб “Илинден”-Латцен, Хановер во изминатиот период.
Претседател на Македонски клуб “Илинден”-Латцен, г-дин Живко Лазаров, ги информира членовите за сите активности што ги превзема клубот и на сите понарешни Претседатели на Клубот му додели специални плакети. Присутноста на свечената покажа дека меѓу Македонците има голем интерес за семакедонско единство и акција за одбрана на идентитетот на Македонскиот народ во светот!
На прославата членовите разменија сеќавања за минатите години кои ги поминаа во дружење и работење во промовирање и одгледување на македонскиот јаик и литература и промовирање на културните достигнувања.
Македонски клуб “Илинден”-Латцен ќе работи на заштита на етничкиот, јазичниот, културниот и верскиот идентитет на Македонците во Сојузна Република Германија.





Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden