Македонците во Ербеле, во областа Долен Дебар или Поле, го одбележаа празникот Преображение Господово

Се собраа Македонци од двете страни на границата во Ербеле, во областа Долен Дебар или Поле, инаку блиску до Дебар, кај црквата Свето преображение која датира од 12 век и е под заштита на албанската држава, како споменик на културата уште од 1970 година.

„Традицијата не ја забораваме. Во црквата доаѓаме спроти прзаникот, тука сме од синоќа, а одбележувањето го продолживме денеска. По традиција и верување, ноќта спроти празникот, во оваа црква доаѓале не само православни, туку и муслимани. Ноќта ја минувале во овој божји храм и се молат за излекување од разни болести, зашто црквата има исцелителна моќ, вели жител на селото.

Паричката падна кај малата Ирина Попи, која ќе биде кума. Жителите од поширокиот крај од двете страни на границата, независно од верската припадност  веруваат дека црквата има исцелителна моќ.