Македонија: Мисајловски оствари средба со специјалниот претставник на Кралството Норвешка за Западен Балкан, Матисен

Во Министерството за одбрана на Македонија министерот Владо Мисајловски, оствари средба со специјалниот претставник на Кралството Норвешка за Западен Балкан, Еирик Нестас Матисен и со нерезидентната норвешка амбасадорка, Н.Е. Кристин Мелсом.

На средбата беше истакната досегашната успешна и плодна соработка меѓу двете земји особено одличната одбранбена соработка која има голем придонес во развојот на одбранбените капацитети во делот на модернизација, опремување како и обука и развој на персонал. Дополнително беше нагласено дека соработката е во насока на зацврстување на сојузништвото и во интерес на зачувување на мирот стабилноста и безбедноста на регионот.