Игуменот Серафим отслужи Трисагио на гробот на блаженоупокоениот Анастас, Архиепископот на Тирана, Драч и цела Албанија (ФОТО)

Неговото Високопреподобие игуменот Серафим, духовникот на манастирот „Св. Јован Претеча“ од с. Слепче, Демирхисарско, заедно со сестринството од овој манастир присуствуваа на светата заупокоена Литургија за блаженоупокоениот Архиепископот на Тирана, Драч и цела Албанија, Неговото Блаженство Анастас. Серафим отслужи мал помен – Трисагио, пред погребението на Архиепископот Анастас и по погребението повторно, на неговиот гроб. Вечнаја памјат!