Комеморациј во Париз 135 – годишнина од раѓањето на др Анастас Коцарев и 94 та годишнина од неговата смрт

На 29ти март 2025, во предградието на Париз, во општина Бонди, се ордржа комеморација која одбележува 135 – годишнина од раѓањето на др Анастас Коцарев и 94та годишнина од неговата смрт.

На настанот беа присутни градоначалникот на општина Бонди  Стефен Ерве и советникот за култура и историско помнење  Отман Асаади, Женвијев Брунет, ќерката на вереницата на др Коцарев, Пецо Наданоски – преставник од македонскиот национален совет – Швајцарија, Златко Николовски – преставник од друштвото „Македонска Диаспора„ од Лозана-Швајцарија, Иљо Бундевски заменик секретар од друштвото Илинден 1903та од Нормандија – Франција, членови на Друштвото „Заборавени Македонци“од Франција, Македонски иселеници кои живеат во Околината на Париз и Ману Силва фотографот и член на Илинден 1903та.

Прв говор одржа претседателката на друштвото „Заборавени Македонци“ Соња Кировска.

Го проследуваме најзиниот говор:

„Почитувани гости, г-ѓа Женвијев Бруне, градоначалник Ерве, Ви благодариме во името на здружението на „Заборавени Македонци„ за вашето присуство на почитта на Др. Коцареф за 94-годишнината од неговата смрт. На 26 март 2025, во Скопје беше одбележана 135-годишнината од раѓањето на д-р Анастас Коцареф, во Музејот на македонската борба за самостојност. За прв пат во Скопје, Македонија, Франција и Швајцарија заеднички го почестија делото на д-р Коцареф со присуство на свои амбасадори.

Во име на Здружението на „Заборавените Македонци„ и македонските заедници од Франција и Швајцарија ќе ги цитирам зборовите на претседателката на Македонија Сиљановска Давкова: „Д-р Анастас Коцареф е доказ дека големите научници ги бришат разликите меѓу малите и големите земји, а малите ги прават големи. Д-р Коцареф и денес патува низ универзумот, формирајќи го македонско-француско-швајцарското соѕвездие, Коцареф ја докажува огромната обединувачка моќ на науката. Нека е вечна честа на научникот Коцарев и француско-македонското пријателство.

Ви благодарам многу за вниманието“.

Потоа говор одража градоначалникот Ерве кој хронолошки ги објасни изминативе четири комеморации вклучувајќи и оваа петта како континуитет за поврзување на двата народи сплотени околу делото на Д-р Коцарев.

На денешната комеморација преставниците на друштвото „Заборавени Македонци“ разговараа со градоначалникот на Бонди Г. Ерве за понатамошна соработка која општина Охрид ја предложи на преставниците на општината Бонди поканувајќи ги да ја посетат Македонија и родниот град на др Анастас Коцарев.

Се зборуваше за културна, спортска размена како и развој на туризмот. На крај, како што е традиција во Франција, присутните можеа да дегустираат македонски специјалитети со по една чаша вкусно македонско вино како симболизирајќи го пријателството помеѓу двата народи францускомакедонско пријателство.

Благодарение на огромната посветеност на членовите на друштвото Заборавени Македонци, на Анастас Коцарев (Охрид, 26 март 1890 – Париз, 28 март 1931) му се оддава заслужена почит и му се доделува почесна заслуга . Тој е eден од големите и, за жал, подзаборавени Македонци, со кои треба да се гордее македонскиот народ и Република Македонија.

Светско познато име во медицината во првата половина на XX век, тој е деец кој покрај науката, не ја заборавил ни својата распарчена татковина. Во клучните моменти по Првата светска војна ги соединил сите македонски друштва во Швајцарија каде заедно со неговите сонароднци од цела етничка Македонија лобирале за независна Македонија со можност на балканска федерација.

На планот на науката се закитил со два докторати, бил врвен онколог и еден од првите кој работел на истражување и лекување на ракот. Соработувал со нобеловката Марија Кири на проблемот на дијагностицирање и лекување на ракот со примена на радиум. Бил еден од пионерите на радиотерапијата, но и на радиографијата.

Во историјата на светската медицина е запишан како прв кој направил рендгенографија на фотографска плоча на пациент заболен од рак. Починал во Париз, при што постојат сомнежи дека бил убиен. Крајно е време македонската држава на различни начини да го обележи неговото име, како наша
национална гордост.