Годишната средба во село Клење областа Голо Брдо ке се одржи на 01 јуни 2025

На 01 јуни 2025 со почеток во село Клење областа Голо Брдо ќе се одржи годишната средба кој сега стана традиција во прекрасно село Клење областа Голо Брдо

Клења е прекрасно и фасцинантно место. Има широк спектар на историски, културни и природни добра, добро познато безбедно село, локалните жители се гостопримливи и многу пријателски расположени.

На 01.06.2025 година организациската група како и секоја година го организира годишната средба на ливадите на „Селишта“.

Клења се одликува со природните ресурси и многубројните културни добра, кои нудат големи можности за развој на селото, веќе познато по одгледувањето компир и прекрасниот спорт скијање.

Gодишната средба ќе се разбуди под звуците на народната музика и гласовите на жителите на ова село.

Гостопримливите жители на селото ќе ги пречекаат оние кои со години се далеку од него, оние кои најмногу копнеат по својата татковина и пријателите.

Програмата ќе биде збогатена со македонски песни и ора и вкусно македонско селско мени.