ОБСЕ со реакција за инцидентите со медиумите на изборите во Албанија

 

 

Мисијата на ОБСЕ во Албанија изрази загриженост во врска со пријавените инциденти против новинари пред, за време и по неодамнешните избори, вклучувајќи случаи на заплашување и опструкција, пишуваат албанските медиуми.

ОБСЕ изразува загриженост во врска со инцидентите против новинарите на изборите: Слободата на медиумите, камен-темелник на демократијата.

„Уште еднаш ја нагласуваме виталната важност на слободата на медиумите како камен-темелник на демократијата и сме подготвени да поддржиме какви било напори за почитување на обврските во рамките на ОБСЕ за заштита на новинарите и обезбедување безбедна и отворена медиумска средина.“

Ова е реакцијата на набљудувачите на ОБСЕ во Албанија, по инцидентите против новинари во текот на кампањата, на денот на изборите и за време на броењето.