Mинистерот за одбрана на Македонија, Мисајловски на министерскиот состанок на НАТО во Брисел

Остануваме силен и доверлив сојузник посветен на вложување во одбраната и модернизација, истовремено ја зајакнуваме интероперативноста со сојузниците и партнерите и градиме отпорност и одвраќање од современите закани со една цел колективна безбедност – сигурни граѓани, истакна во своето обраќање на министерскиот состанок на НАТО во Брисел минист6ерот за одбрана на Република Македонија Владо Мисајловски.

Денеска се обратив на состанокот на Северноатлантскиот совет на НАТО каде ги пренесов нашите сегашни и идни приоритети во рамки на Алијансата за актуелните безбедносни прашања, пишува на социјалната мрежа на Фејсбук министерот Мисајловски.

Остануваме силен и доверлив сојузник посветен на вложување во одбраната и модернизација, истовремено ја зајакнуваме интероперативноста со сојузниците и партнерите и градиме отпорност и одвраќање од современите закани со една цел колективна безбедност – сигурни граѓани.

Facebook/Vlado Misajlovski

Глобалната безбедносна рамнотежа се менува, а тоа значи дека како НАТО членка мораме да бидеме подготвени да дејствуваме проактивно, со зајакната координација и одлучност, пишува во својата објава Мисајловски.

 

 

Мисајловски на министерскиот состанок на НАТО во Брисел: Остануваме силен и доверлив сојузник посветен на вложување во одбраната