Прошири ја својата свест и ќе видиш еден друг свет околу себе

Камелија Шојлевска (pen name Camelia Camy) мојата денешна соговорничка е позната во медиумските кругови како долгогодишна новинарка, водителка на програми во живо во МРТ, документарист  и предавач на Факултетот Штул во одделот за комуникации.  Во време на распадот на Југославија таа известува од Македонија  за CNN, WR, WDR . По образование е историчар на уметноста со арехологија, остварила специијализации во BBC, CNN. Columbia Missouri. Но она што е поинтересно за нас денес и овде, е  нејзината писателска дарба каде себе се открива како извонреден познавач на детската психа создавајќи дела пред се за нив. Дали литературата што ја посветуваме на децата  останува да биде само за нив, или пак е секогаш е литература од 7-до 77, значи  она што останува најпривлечно во творештвото на нејзиниот  „визионерски пристап кон реалноста„.

Како авторка остварила  8 книги за деца од циклусот „АВАНТУРИТЕ НА САЛОМИ„- Quantum awareness, CELESTIAL MAN  trilogy, подготвен и авторски курс за кантниот скок (Quantum jumping)  втемелен на знаењата кои се користени во „НЕБЕСКОТ ЧОВЕК„ (CELESTIAL MAN). Во списокот на остварени дела може да се спомене и  и сценариото (Screenplay) за  „The Pearl on the Red Sea„ подготвено за реализација. Нејзините авторски трудови без проблем ќе се најдат на сајтовите на меѓународниот портал „Амазон„ каде, поради неможностите себе да се остварува како писателка в о татковината, го прави неизбежниот и можеби единствено можен избор. Најпотикнувачката мисла за да се поведе со неа и  овој разговор за причините кои ме поттикнуваат и мене да посакам Камелија Шојлевска да ја представам вон границите на Македонија, давајќи и ја оваа можност отворено да проговори за местото на писателите не само кај нас, туку воопшто во целиот свет.

Б.З.Б 

Бивајќи  свесни во какви заедници денес живееме и се организираме, каде некогашниот ентузијазам што повеќе да се направи во сферите на севкупното творештво, особено она што ќе го оставаме на нашите потомци и генерации што допрва ќе пристигаат, какво е вашето мислење за местото и улогата на современиот писател?  И не само писател, говориме воопшто за местото на сите оние творци што на свој особен начин ќе учествуваат во современото уредување на светот.  Не само овде кај нас во Македонија, говориме во цела Европа, дури и во целиот свет појдувајќи од сознанијата дека се повеќе и се поизразито светот ќе мораме и ќе  треба да го третираме како наше големо заедничко станиште во чие уредување треба да учествуваме сите. Некој со музика, друг со слика, трет со сето она што ќе го пишува и што во даден момент ќе станува дел од секојдневниот живот на сите нас, жители на нашата Планета Земја.

К.Ш.

Ние сме сите пред вратата на новата ера. Тоа насекаде се зборува. Сè ова што било досега било, прашањето е што ќе создаваме понатаму. А за да се создава треба и многу поими да се расчистат што ние патем сме им дале вредности кои ги немаат. Како што рекол Ајнштајн (парафразирам) – “Не можеш да создадеш ново од истата позиција и енергија од која нештото си го искреирал”.

Креаторот е основата на сè што почнува. За да се создаде филм треба да се има сценарио по кое тој филм ќе се снима, ниедна техника, технолошки гаџет не може да го направи филмот, сценаристот е основата, а после сè се надоврзува. Нема книга без писател, ниту ќе постоело издаваштвото ако немало кој да го напише зборот, потоа  тоа сè ќе се надоврзува. Нема музика без да ја искомпонираш колку и да си виртуозен извадувач. А сегашноста  некако и испреврти сите  вредности и заборави што стоеле на почетокот. Креаторот. А кретори сме сите ние, секое човечко битие постојано креира со секоја своја мисла, акција, делување, ама тоа сме го заборавиле  и потиснале во себе како луѓе. Сега стана издавачот тој што е главен за издавањето на книгата, па ќе прашам кој текст за која книга? Разните финансиери, продуценти, да се разбереме не ја потценувам нивната огромна улога во процесот на создавањето, но мора да се има збор. Дури и Библијата вели И БЕШЕ ЗБОР (светлост или ти освестување). Полека, полека тоа сè се изгуби, писателот кој пак ќе повторам, е основата, стана жртва, некој што моли другиот да го ислуша, да му даде внимание. Па се појавија разноразни издавачи кои ги финансира самиот писател за да му биде издадена книгата, па некој правила како кај нас, издавачот добива сè, но не му плаќа ни денар на писателот и тој ако сака, мора сам да  си ги купува книгите по пола цена. Па каде постои тоа, па странските издавачи истото го прават ама даваат ројалти од секоја продадена книга ама треба сам да си ја продаваш, сам да даваш да се рекламира. Ова го зборувам затоа што се сум поминала во процесот на создавањето. Секоја чест за големите издавачки имиња ама до нив не успеав да допрам така што не знам како е. А сакаме да изградиме друг свет базиран на други вредности. Па кој да ни ги создаде ако не самите ние?

Б.З.Б

Јасно ви е и вам, и на секој еден повлијателен творец, дека она што денес ќе го изјавуваме станува еден вид залог за она што ќе се залагаме да се остварува, дека стануваме целосно одговорни за неговата реализација.  Дека секој еден творец, во било која од творечките сфери, на определен начин станува еден вид директен или индиректен учесник во духовното уредување и на нашата Татковина, но и на цела Европа, па и светот. Дека свесно се вградуваме во онаа матрица од која ќе се генерира сето наше однесување во најблиската иднина.  Имајќи ги на увид вашите остварени дела од областа на дечјата литература, дали преку нив можете на определен начин да го визионирате уредувањето на нашиот животен простор според вашите визии изразени преку нив и  во едно догледно време?

К.Ш.

Се вели дека секоја наша мисла допира до бескрајот, ама за тоа не сме свесни. Сега поедини научници се обидуваат да ја објаснат реалноста преку квантумот и неговата поврзаност а квантум е најситната честичка. Свесна.

Да нашиот збор, визија, мисла ја креира иднината на Татковината, на планетата а и на Универзумот. Каков огромен увид во себе, јас, ти, ние, вие, секој посебно влијаеме на СÈ…буквално на СÈ.

Знам дека многумина поради овие мои мисли ќе ме отфрлат и ќе речат, што се занесуваш, мојот глас дури ни на избори не се слуша, замислете во  Универзумот! Ама јас длабоко верувам во моќта на битието кое е поврзано со сè во овој Универзум. Тоа зборува и Матрикс, тоа зборува и филмот Луси на Лук Бесон? Тој е режисерот  а кој е писателот знаете ли? Лук Бесон. И уште неколку такви помаци во ловечката мисла. Аватар, Компас.

Јас една вечер добив испирација (за време на изолацијата од короната),  дека таму некаде далеку до звездата Вега, постои Среќна Планета. Зошто е среќна? Затоа што ја знаат тајната на бивање во заедништво. Кај  нив не постои време, не постојат години, не постои стареење, и тие можат лесно да се транспортираат на други планети. Тие нашата планета ја нарекуваат МАГИЧНАТА ЗЕЛЕНА ПЛАНЕТА. Издадена е и во Македонија и од англискиот издавач  SOULFOOD BOOKS LTD.

Книгата е илустрирана од дете на 11 години и целта ми беше да покажам дека сè е можно. Илустраторот Јосиф изнедри лик Саломи, така и настана целата серија од 9 книги Авантурите на Саломи, кој толку многу ја сака нашата планета и станал постојан посетител така што и ние  преку него  постојано учиме за богатствотото што го имаме околу нас, но не умееме  да го видиме,  затоа што сме се вовлекле во некои специјални чаури на истоста, а не во различитоста  да го бараме  она СИТЕ СМЕ ЕДНО што е и првиот закон на Човековите права на ОНН.

 Б.З:Б

Од кои причини го потенцирам ова –светот? Затоа што сум уверена дека многу скоро, по завршувањето на сите воени судири и новиот распоред на силите во несреќно поделениот свет, дали вие како писателка и творец за збогатување на светскиот фонд на вредни писмени дела, во ликот на писателот   го гледате оној значаен мост преку кој ќе се прават напори за што поуспешно севкупно оргнаизирање на нашата Планета? Каде секој еден народ ќе ја чува и протежира својата изворна култура и јазик, но каде универзализирајќи ги своите дела ќе може да учествува во што посупешна обнова на сите други народи ку култури. Можна ли е една таква сорботка во која ќе можат да се вклучат сите расположиви потенцијали, не правејќи разлики ниту во пол ниту во возраст?

К.Ш.

Би сакала да кажам дека војните ќе завршат, но ќе го цитирам Саџгуру, големиот индијски мислик, „сè додека постојат фабрики за оружје кои треба да се  потроши,  за да може да се произведува и осмислува ново, за жал тие нема да завршат„. Секогаш ќе се создава некое жариште, освен, велам освен, ако не се создадат нови вредности базирани на оној прв закон на човековите права на ОНН НИЕ СМЕ  СИТЕ ЕДНО. Не во поларитетот туку во различитоста. Што до сега е Едно, ама да сме исти, по партии, пасоши. имиџи, исто да мислиме исто да вреднуваме па јас сум подобар од тебе, не ти си, па јас сум поубава имам повеќе вложено во мојата пластика, не ти си. Ние сме тотално расцепени во она што е надвор од нас во оној инпут што го добиваме од надворешниот свет, да не кажам атакуван со информации чиј извор е пак поделеноста и страната што ја држиме и она што е нашиот внатрешен шепот, кој навистина е шкрипот па не се слуша, кој сака да нѝ го покаже патот по кој да одиме и што бираме, за да бидеме среќни и полни со живот и страст кон живеењето. Тоа не нè учеле ни дома ни на училиште, а и не било време, па сега дојдовме до точка кај што гледаме дека повеќе вака не може. Успехот се мери со пари како вредност ( а тие се создадени на планетава да имаме полесна размена кило јаболки за кило леб)…убавината се мери со имиџ па и нека е вештачки создаден, уживањето во било што па и нека е обичен оброк од леб и сирење, се вреднува со покажување на социалните мрежи.

Оригиналноста која е иманентна  на секое битие со самото  тоа што постои, не ја ни допревме во себе, па како тогаш да ја примиме од другиот?. Различитоста стана проклетство а не дарба. Сите да сме исти наместо Сите да сме едно. Тука во тоа суштинско постоење ја гледам исто причината за војните, немирите, одбраната на своетот како повредно од тоа што го има другиот.

Натпреварот нѝ е од позиција  кој е подобар а не како да се забавуваме, играме и да сакаме нешто пове

Б.З.Б

За да да го завршиме разговорот во духот на една визија со голема можност за нејзина реализација, дали вие лично имате конкретни предлози и „сценарија„ кои би можеле без многу напор да се имплементираат во нашето секојдневие? Со тоа би направиле еден голем чекор напред кој дури и за нашава Македонија ќе значи еден сигурен и безбеден ‘од  кон една „визионирана  иднина„ што ја  посакуваме?

К.Ш.

Секогаш има излез ако се подотвори свеста. Јас тоа и учам околу себе, прошири ја својата свест и ќе видиш еден друг свет околу себе кој секогаш бил тука ама не си можел да го видиш.

Мислите ги пренесувам преку книгите што ги пишувам и ги издавам на Амазон. Тој човек стварно бил визионер кој дал шанса на се сто е на планетава. Сеуште имам ограничувања, безброј; и ги фаќам во лет на секој одржан курс, на секој напишан збор.

Имам едно сценарио – Бисерот на Црвеното море– кој зборува за моќите што ги имале Старите Египќани, главниот лик по иницијацијата учи да гледа она што е невидливо, да го слуша она што е нечујно и да го зборува и разбира сите јазици на овој свет. Се надевам еден ден светот ќе го види ова на филм. Сценариото и сè што пишувам ја нема тензијата на борбата меѓу лошото и доброто, меѓу она да бидеш жртва или победник. Сите сме победници и сите сме едно. Тоа е мојата порака.

Разговорот го водеше Билјана.З.Билјановска, независна новинарка, поетеса,  писателка.раскажувач, новелиста, професионален преведувач