Магдебург е нов европски шампион во ракомет

Фото: SC Magdeburg

Ракометарите на Maгдебург во Келн го победија Фуксе Берлин со 32:26 во финалето на Лигата на шампионите. Новиот шампион се насетуваше уште по првото полувреме по предноста на Магдебург со четири гола (16:12). Најзаслужен за победата на Магдебург е голманот Сергеј Ернандез со 18 одбрани.

Со овој пораз, Фуксе Берлин не успеа да ги обедини трофеите од Бундеслигата и од елитната Лига на шампиони. За Магдебург, пак, ова е петта титула европски шампион.

Во дуелот за 3. место, Нант со 30:25 ја совлада Барселона која го бранеше трофејот на Фајналфор турнирот во Келн.