
Младата репрезентација на Македонија до 14 години одигра нерешено без погодоци против соодветната селекција на Албанија во рамкиот на вториот контролен натпревар одигран помеѓу овие две селекции.
На стадионот „Билјанини извори” во Охрид , двете репрезентации одиграа доста тврд и борбен натпревар, без премногу можности за погодок.
Првиот контролен натпревар помеѓу овие две репрезентации одигран во Корча, Албанија заврши нерешено 1:1.
Албанија: Флори Зека (ГК), Кевин Керџалиу, Кевин Мухареми, Дениан Авдилај, Дени Дука, Александрос Шофити, Сантијаго Перкола, Елио Тавани, Алекс Башо, Алесио Ѓомаркај, Елез Елќени. Селектор:Франческо Витобело
Македонија: Марио Стојковски, Хамза Зубери, Давор Танески, Калин Аврамоски, Ејман Емини, Давид Рамадан, Ариан Исаку, Васко Трајков, Доротеј Христов, Драган Петков, Алиу Дијар. Селектор: Горан Станковски.
Македонски весник Илинден – Makedonski vesnik Ilinden