Здравко Стојмиров од Народен театар Битола најдобар актер на 21. Фестивалот на монодрама во Албанија

На 21. на меѓународниот фестивал на монодрама “Албамоно“ која се одржа во Поградец и Малиќи меѓународното жири составено од: Азура Де Грегорио, Италија, Ана Маријани, Германија и Клајди Малелари за најдобар актер го прогласи  Здравко Стојмиров од Народен театар Битола.

Монодрама има за цел да ја претстави искривената реалност на животот свртен наопаку од суровите услови на минатите војни, личните битки, општествениот притисок кој ја покажува единствената можност за постоење за човек изгубен во реалноста, но да живее добро во својот имагинарен свет да најде задоволство и покрај сите нервози кои следуваат.

На фестивал на монодрама “Албамоно“ настапија сценски уметници од 8 различни земји како што се: САД, Полска, Белорусија, Македонија, Хрватска, Албанија, Грција, Украина.

За најдобра актерка прогасена е Данијела Поповиќ – „Театар 86“ Њујорк, за најдобар режисер – Димитрис Караџиас – Ваулт Театар Плус, Атина – Грција, а “Гран при“ доби „Димитер Оргоцка“ – проект Палина Дабраволскаја, Белорусија – Полска.